ШТО ПРЕТСТАВУВА АВИJАРНА ИНФЛУЕНЦА?


Многу заразна вирусна болест која што ги погодува и живината и дивите птици.
Вирусите на птичји грип може да се:
Високо патогени: предизвикуваат тешки заболувања и висока смртност.
Ниско патогени: со благи или пак без никакви симптоми, но некои видови може да евалуираат во високо патогени.
Во ширењето на вирусот придонесувват и дивите птици за време на нивната миграцијата.

ДАЛИ ЛУЃЕТО МОЖАТ ДА СЕ ЗАРАЗАТ СО ВИРУСОТ?


Луѓето може да се заразат од болни птици. Не постои потврден случај на преносување на вирусот од човек на човек.

Modern workspace with technology

НАЧИН НА ПРЕНОС И ШИРЕЊЕ


Раното откривање ќе спречи распространување на болеста, ќе спаси многу животни, а болеста ќе може поефикасно да се контролира.

Најважни начини на пренос се:
• Преку директен контакт со заболени птици.
• Преку контаминирана вода, храна, инструменти и алати, возила, облека или обувки.
• Преку излачен секрет или измет од заболени диви птици.
• При ладни и влажни услови, вирусот може да преживее со недели.

КОИ СЕ КЛИНИЧКИТЕ ЗНАЦИ НА ОВАА БОЛЕСТ?

КАКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ВАШИТЕ ЖИВОТНИ?

По инфекцијата, клиничките знаци варираат:

• Ненадејна смрт (до 100% кај кокошките и мисирките). Патките и гуските се поотпорни и често не покажуваат клинички знаци.

• Губење апетит.

• Кашлање, назален исцедок, отечена глава.

• Виолетова обоеност на кикиритката, подбрадокот и нозете.

• (Нагло) Намалена продукција на јајца.

• Невролошки знаци: треперење(тремор), искривен врат, некоординирано движење.

• Општа слабост или тешка депресија.

• Купувајте живина само од проверени и регистрирани извори со валидни здравствени сертификати.

• Чувајте ја живината затворена или заштитена со мрежа како би спречиле контакт со диви птици.

• Обезбедете чиста вода за пиење (не користете дождовница, застоена вода и сл.).

• Чувајте ја храната за живина во затворени простори и заштитена од глодари.

• Редовно чистете ги и дезинфицирајте ги објектите и опремата.

• Прописно фрлајте го ѓубрето од живината и држете го да не биде во контакт со други животни.

• На својата фарма користете само свој алат и опрема.

• Носете наменска облека и чевли на фармата - не користете ги на друго место.

• Ограничете го пристапот на посетители и возила.