ШТО Е АФРИКАНСКА ЧУМА КАЈ СВИЊИТЕ?
Вирусна болест кај домашните и дивите свињи од сите возрасти. Болеста не е опасна за луѓето, но тие може да бидат преносители на вирусот преку обувки, облека, земјоделска и ловна опрема.
НЕМА ВАКЦИНА НИТУ ЛЕК!
Доколку болеста навлезе во вашето стадо, ќе страдаат сите свињи.
Само ВИЕ можете да ги заштитите вашите свињи со строга имплементација на биосигурносните мерки!
НАЧИН НА ПРЕНОС И ШИРЕЊЕ
Најважни начини на пренос се:
• Со директен контакт помеѓу здрави и заболени животни или со контакт со трупови на мртви животни.
• Индиректно, преку контаминирана средина, храна и отпад од храна, опрема, возила и облека.
КОИ СЕ КЛИНИЧКИТЕ ЗНАЦИ НА ОВАА БОЛЕСТ?
КАКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ВАШИТЕ ЖИВОТНИ?
На почетокот на инфекцијата - нема специфични клинички знаци. Заразените свињи ќе имаат висока температура и губиток на апетит.
• Повраќање.
• Треска/висока температура (40,5-42˚C), слабост, губење апетит.
• Исцедок од носот и очите (кој може да биде крвав).
• Црвенило или сино-виолетова промена на бојата и крварење на кожата во пределот на ушите, стомакот и нозете.
• Крвава столица.
• Потешкотии при движење.
• Абортус.
• Свињите обично умираат во рок од една недела од појавата на клиничките знаци.
Примената на одредбите од ветеринарното здравство, како што се примена на строги биосугурносни мерки, контрола на движењето кон и надвор од фармата, и идентификацијата и регистрацијата на животните, се најсигурен начин за превенција на Африканската чума кај свињите.
• Купувајте свињи само од регистрирани фарми, и пропратени со пропишана документација.
• Не ги хранете вашите свињи со кујнски отпад. Болеста може многу лесно да се прошири на овој начин. Никогаш немојте тоа да го правите!
• Домашните свињи не смеат да се чуваат пуштени надвор од заграден простор.
• Редовно чистете ја и дезинфицирајте ја фармата и опремата.
• Користете посебна облека и обувки само за вашата фарма. Не ги користете надвор од фармата!
• Поставете дезинфекциска бариера на влезовите од вашата фарма (сунѓери натопени во соодветно средство за дезинфекција би биле доволни).
• Не дозволувајте посетителите во вашата фарма.
• За напојување на свињите користете свежа вода. Не користете застоена вода како и вода од отворени простори.
• Свежо собраната трева и зеленчук може да бидат контаминирани со вирусот од страна на диви свињи.
• Следете ги сите другите правила пропишани од ветеринарните власти.
• Доколку сте ловец или сте биле во контакт со диви животни: Избегнувајте секаков директен или индиректен контакт со вашите домашни свињи. НЕ внесувајте во фармата облека, обувки, опрема или било какви предмети што биле во контакт со диви свињи или со делови од одстрелани животни (месо, кожа, крв).