ШТО ПРЕТСТАВУВААТ СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ?
Сипаниците кај овците и козите се сериозни, високо заразни вирусни заболувања кои што ги погодуваат овците и козите и може да доведат до висока смртност.
ИТНОТО ПРИЈАВУВАЊЕ Е КЛУЧНО!
Доколку се појават, овие болести може да предизвикаат значителни економски загуби за фармерите поради високата смртност кај животните, намалено производство на млеко, слаб квалитет на кожите и волната како и да доведот до трговски ограничувања (забрани).
НАЧИНИ НА ПРЕНОС И ШИРЕЊЕ:
Најважни начини на пренос се:
• Примарно се пренесува преку изложување на животните на аеросоли при близок контакт со животни со тешки клинички знаци, особено оние со рани на слузокожат.
• Преку оштетена кожа на заразено животно.
• Вирусот се излачува во млеко, урина, измет а може да е присутен и во волната.
• Можен е индиректен пренос преку контаминирани предмети.
КОИ СЕ КЛИНИЧНИТЕ ЗНАЦИ НА ОВАА БОЛЕСТ?
КАКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ СВОИТЕ ЖИВОТНИ?
Најважно е веднаш, без одлагање да ја пријавите кај вашиот ветеринар секоја промена во здравствената состојба на вашите животни.
Раното откривање ќе спречи распространување на болеста, ќе спаси многу животни и болестите ќе можат поефикасно да се контролираат.
• Треска.
• Слабост и губење апетит.
• Отечени лимфни јазли.
• Намалено производство на млеко.
• Исцедок од очите, носот и устата.
• Отежнато дишење (пневмонија).
• Смрт.
Примената на ветеринарното законодавство и споведувањето на био сигурносни мерки, идентификацијата и регистрацијата на животните заедно со контролата на движењето се најсигурни начини за спречување на појава на вирусите на сипаници или чума кај вашите овци и кози.
• Купувајте животни само од регистрирани и одобрени извори со валидни здравствени сертификати со кои се потврдува здравствената состојба и потеклото на животните.
• Животните потребно е да бидат обележани со ушни маркици. Почитувајте ги правилата за идентификација и регистрација на животните од вашата фарма.
• Почитувајте ги и спроведувајте ги строгите биосигурносни мерки.
• Одржувајте добра хигиена со редовно чистење и дезинфекција на фармата и опремата бидејќи вирусот на сипаници може да опстои во волната од животните и во околината дури и со месеци.
• Користете само своја опрема на вашата фарма.
• Избегнувајте контакт на вашите животни со други животни.
• Ограничете го пристапот на посетители и возила во фармата.