ШТО Е БЕСНИЛО?
Вирусот на беснило го напаѓа централниот нервен систем, а откако ќе се појават клинички симптоми, болеста секогаш завршува фатално.
ПОВТОРНА ПОЈАВА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ
Во последниве години, беснилото повторно се враќа во некои земји од Источна Европа, притоа брзо ширејќи се, и потсетувајќи не дека слободата од беснило не е трајна.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ИНФИЦИРА?
Сите цицачи – вклучувајќи ги и луѓето – можат да се инфицираат од беснило.
Во Европа, дивите животни како што се лисиците се главни резервоари на вирусот. Тие можат да го пренесат беснилото на домашните животни, особено кучиња и
мачки, но исто така и на други домашни животни.
Секое заразено животно, било да е диво или домашно, може да го пренесе вирусот.
КОИ СЕ КЛИНИЧНИТЕ ЗНАЦИ НА ОВАА БОЛЕСТ?
КАКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ СВОИТЕ ЖИВОТНИ?
• Животни со невообичаено однесување, прекумерно лигавење, тешкотии при голтање, немир и дезориентираност.
• Животно кое е неуморно, хиперактивно и претерано чувствително на светлина, звук и вода.
• Каpaктеристични промени во лаењето или завивањето.
• Мртво животно или животно покрај пат кое настрадало во сообраќај.
• Диво животно забележано како талка преку ден и покажува необично отсуство на страв или пак зголемена агресија кон други животни или луѓе.
• Невообичаена агресија кај домашни животни.
• Намалена координација, парализа, кома или смрт.
С. Македонија со поддршка од Европската Унија,
спроведува орална вакцинација против беснило кај лисиците од 2012 г.
Оралната вакцинација на лисиците е единствениот докажан метод за елиминирање на беснилото кај лисиците како негов резервоар.
Благодарение на овој пристап, повеќето европски земји успешно го искоренија беснилото. Овој метод се покажа како многу ефикасен и во нашата земја.
Најважната превентивна мерка кај домашните животни е задолжителна и редовна вакцинација на кучињата и мачките.
Посебно внимание треба да се посвети на кучињата кои се во близок контакт со природната средина, како што се овчарските, ловечките и оние што живеат во руралните средини.
Кучињата кои слободно се движат, исто така имаат значајна улога во преносниот циклус на беснилото.
Во Северна Македонија, одговорноста за овие кучиња ја имаат општините, што покрај другото вклучува и спроведување на задолжителна вакцинација против беснило.